АКТИВНОСТИСе залагаме за зголемување на свеста за местото и улогата на математиката во науките, технологијата, наставата, природата и културата.
|
УСПЕШНО ПРВО УЧЕСТВО НА МАТЕМАТИЧАРИТЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА НОЕМВРИ - МЕСЕЦ НА НАУКАТА 2017
Во текот на месец ноември 2017 година, по втор пат во Македонија се одржа манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември - Месец на науката“ 2017 во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Македонското биолошко друштво (МБД), Друштвото на физичарите на Р. Македонија (ДФРМ), Македонското географско друштво (МГД), Македонското астрономско друштво (МАД), Скопското астрономско друштво (САД), Македонското еколошко друштво (МЕД) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје. Овој настан беше наменет за учениците од основните и средните училишта, наставниците, но и за пошироката јавност. Реализацијата на настанот беше во пет дена од три викенда (11 ноември 2017 за ученици од I-VI одд, 18 ноември 2017 за ученици од VII-VIII одд, 19 ноември 2017 за ученици од IX одд, 25 ноември 2017 за ученици од I-II год и 26 ноември 2017 за ученици од III-IV год), а се одржа на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Преку организирани предавања, натпревари во демонстрации, работилници и посети на лабаратории, сите кои присуствуваа на оваа манифестација придонесоа за популаризација на природните науки и математиката. За време на натпреварите по демонстрации, манифестацијата беше отворена за посетители од надвор.
Оваа година, Институтот за математика по прв пат се вклучи во организацијата на овој настан. Од областа на математиката беа одржани следните предавања:
11.11.2017 (сабота), I-VI одд.
- Валентина Гоговска, ИМ, ПМФ – Текстуални задачи (апстракт)
- Анета Гацовска-Барандовска, ИМ, ПМФ – Математиката и економските функции (апстракт)
- Емилија Целакоска, ОМИ, МФ – Како да се користи Ламбертовата функција (апстракт)
Во секој од трите викенда се одржаа натпревари во демонстрации по математика. На овие натпревари учествуваа вкупно 28 ученици со 21 демонстрација. Најуспешните демонстрации беа наградени:
Наградени демонстрации по математика I-VI одд (11.11.2017)
I награда
Наградени демонстрации по математика VII-IX одд (18.11.2017)
I награда
Наградени демонстрации по математика I-IV год (25.11.2017)
I награда
I награда
- „Опстанок“ - Ангелина Беличевска и Марија Кајевска VI одд., ОУ „Александар Урдаревски“, Чучер Сандево, ментор: Николина Ѓорчевска
- „Трисекција“ - Алексиј Тасиќ VI одд, ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Скопје, ментор: Елезабета Лазовска - Тасиќ
- „Заокружување броеви“ - Христијан Арсов III одд., ОУ „Св. Кирил и Методиј“, Велес, ментор: Сузана Павловска
- „Математички операции - Игра најди го натрапникот“ - Анастасија Мазневска и Христијан Чекаловиќ III одд., ОУ „Св. Кирил и Методиј“, Чучер Сандево, ментор: Милица Утковска
Наградени демонстрации по математика VII-IX одд (18.11.2017)
I награда
- „STRING-ART: Математика во уметноста или уметност во математиката“ - Дамјан Трпковски и Марија Блажевска VII одд., ОУ „Наум Охридски“, Гази Баба, Скопје, ментор: Даниела Димишковска
- „Златниот пресек во природата“ - Ангела Маџирова IX одд., ОУ „Петар Мусев“, Богданци, ментор: Адријана Тодорова
- „Математиката како дел од уметноста“ - Викторија Арсова VIII одд., ОУ „Страшо Пинџур“, Неготино, ментор: Силвана Миладинова
- „Со математички квиз до проверка на знаење“ - Вероника Гијовска IX одд., ОУ „Блаже Конески“, Велес, ментор: Тања Инѓилизова
- „Тродимензионални математички логички сложувалки“ - Анастасија Слободановска и Снежана Петровска VII одд., ОУ „Христијан Карпош“, Младо Нагоричане, ментор: Маријана Тошевска
Наградени демонстрации по математика I-IV год (25.11.2017)
I награда
- „Тајните на Паскаловиот триаголник“ - Верица Спасковска I год., ПСУ „Јахја Кемал“, Струмица, ментор: Хатиџе Чобан
- „Тежиштето на кружен исечок“ - Ќендреса Селими III год. и Мартина Танева II год., ПСУ „Јахја Кемал“, Бутел, Скопје, ментор: Мевљудин Даути
- „Бинарен броен систем“ - Милан Тодоровиќ II год., СОУ Гим „Гоце Делчев“, Куманово, ментор: Филип Младеновски
- „Апликација Mathpractice“ - Мартин Поповски IV год., СУГС „Георги Димитров“, Скопје, ментор: Јасмина Маркоска
- „Пресметките позади успешниот кош“ - Ангела Бушеска II год., ПСУ „Јахја Кемал“, Струга, ментор: Реџаи Генцели
- „Плоштина и периметар на круг без π“ - Даниел Јовановски и Филип Костадиноски III год., ПСУ „Јахја Кемал“, Боговиње, ментор: Мехмет Невзак Солак
Членови на комисиите за натпреварите во демонстрации по математика беа: проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова, проф. д-р Ирена Стојковска, доц. д-р Валентина Гоговска, проф. д-р Валентина Миовска, проф. д-р Ѓорѓи Маркоски, доц. д-р Анета Гацовска-Барандовска, Маја Танчевска и Ерблина Зеќири.
Во првиот викенд наменет за најмалите I-VI одд, се реализираше и работилница по математика насловена „Математиката е повеќе од бројки“ под водство на проф. д-р Ирена Стојковска и проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова. Теми кои се обработуваа на работилницата беа Танграми и Тајни пораки.
|
Во организацијата и реализацијата на манифестацијата, ативно учество земаа и студентите на математика: Арбан Иљази, Дујгу Речани, Мирјета Рамадани, Милош Каранфиловиќ, Мартина Матоска, Тамара Стефаноска, Стефан Мирчевски, Стево Горгиев, Мартин Николоски, Агон Укшини, Медине Љатифи, Фросина Јакимовска, Маријана Крстеска и Моника Богоевска.
Известуваат:
Проф. д-р Ирена Стојковска,
Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова и
Доц. д-р Анета Гацовска Барандовска
Институт за математика, ПМФ, Скопје
Обjавено на:
27 ноември 2017
Начин на цитирање на статијата:
И. Стојковска, В. Целакоска-Јорданова, А. Гацовска-Барандовска, Успешно прво учество на математицарите на манифестацијата „Ноември - Месец на науката“ 2017, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 27 ноември 2017, http://poim-pmf.weebly.com/uspesno-prvo-ucestvo-na-matematicarite-na-mesecot-na-naukata-2017.html
Проф. д-р Ирена Стојковска,
Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова и
Доц. д-р Анета Гацовска Барандовска
Институт за математика, ПМФ, Скопје
Обjавено на:
27 ноември 2017
Начин на цитирање на статијата:
И. Стојковска, В. Целакоска-Јорданова, А. Гацовска-Барандовска, Успешно прво учество на математицарите на манифестацијата „Ноември - Месец на науката“ 2017, Портал ПОИМ на Институтот за математика, ПМФ, Скопје, 27 ноември 2017, http://poim-pmf.weebly.com/uspesno-prvo-ucestvo-na-matematicarite-na-mesecot-na-naukata-2017.html
Авторизираните статии објавени на Порталот подлежат на законска заштита. Се забранува користење на статиите без наведување на авторот или изворот.